недела, 1 февруари 2026

Москва: Нашите односи со САД се на дното

Објавено на

часот

Сподели

Украина не е членка на НАТО па нејзината територија не влегува под Членот 5 на западниот воен пакт за заедничка одбрана. НАТО го засили военото присуство во земјите кои се членки на Алијансата, а се во близина на Русија. Москва го обвинува западот за намерно предизвикување „антируска хистерија“.

Портпаролот на Кремљ Песков кажа дека одредени канали за дијалог се отворени, што е позитивно, и дека сега во контакт се рускиот претседател Владимир Путин и неговиот американски колега Џо Бајден. Путин и Бајден разговараа телефонски во саботата, потсетува Ројтерс и додава дека врските меѓу двете земји се напнати и во други сфери.

„Шефовите на државите одржуваат дијалог, а дијалог постои и на други фронтови“, кажа Песков. „Тоа е плус бидејќи неколку години дијалогот беше на нула, воопшто немаше такви контакти. Но за другото, за жал, можеме да зборуваме само негативно. Нашите односи се на многу, многу ниска точка. Тие се всушност на нула“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ