петок, 12 декември 2025

Москва и Киев без напредок, следуваат нова рунда преговори

Објавено на

часот

Сподели

Рускиот претставник Дмитриј Козак синоќа на прес-конференција по разговорите во Берлин изјави дека не било можно да се усогласат различните толкувања на Русија и Украина за договорот од Минск од 2015 година, чија цел е да ги прекине борбите меѓу проруските сили и украинските владини сили.

„Не успеавме да го надминеме ова“, рече Козак.

Според него, Украина зазела цврст став, одбивајќи да ги надмине разликите околу идното постконфликтно решавање на конфликтот во Донбас.

„Усно постигнавме заеднички став со Германија и Франција за тоа како да ги подобриме прашањата во политичката сфера, но украинската позиција е непоколеблива. Тие дури одбија да ги наведат договорите од Минск во предлог-соопштението што беше дадено на разгледување, односно фактот дека идниот постконфликтен статус на овие територии треба да се решава во консултации и разговори со претставници на одредени региони. Тоа е клучното прашање за кое Украина одби да се договори“, рече Козак.

Од друга страна, претставникот на Украина Андреј Јермак изјави дека нема напредок, но дека двете страни се согласиле разговорите да продолжат.

„Речиси деветчасовните разговори меѓу Украина и Русија не резултираа со напредок во потпишувањето заеднички документ, но двете страни се согласија да продолжат со разговорите“, изјави шефот на кабинетот на украинскиот претседател по разговорите во Берлин.

Јермак, шеф на кабинетот на украинскиот претседател Владимир Зеленски, рече дека двете страни наскоро повторно ќе се сретнат и дека се надева на напредок во размената на затвореници и отворањето контролни пунктови во источна Украина.

„Сите се решени да постигнеме резултат“, рече Јермак.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ