понеделник, 30 март 2026

Москва го обвини Пентагон дека финансирал програма за развој на биолошко оружје во Украина

Објавено на

часот

Сподели

Руското Министерство за одбрана денеска ги обвини Соединетите Американски Држави дека финансираат програма за развој на биолошко оружје во Украина.

Како што се наведува, во украинските лаборатории биле пронајдени докази дека САД ја финансирале таа програма.

„Целта на ова биолошко истражување во Украина била да се создаде механизам за тајно ширење на смртоносни патогени“, рече портпаролот на министерството Игор Конашенков на утринскиот брифинг за конфликтот во Украина.

Конашеков рекол дека истражувањето било финансирано од Пентагон.

Руската војска и вчера соопшти дека украинските власти сега забрзано ги уништувале патогените што биле проучувани во лабораториите поврзани со американското министерство за одбрана, истакнувајќи дека таквите активности ја покажуваат воената намена на овие истражувања.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ