недела, 29 март 2026

Москва е спремна за преговори за предавање на Украина

Објавено на

часот

Сподели

Според него, рускиот претседател Владимир Путин е подготвен за преговори со украинскиот претседател Володимир Зеленски, со фокус на „гарантирање неутрален статус“ и „ветување дека на украинската територија нема да има оружје“.

Тоа се условите, додаде Песков, што ќе овозможат постигнување „демилитаризација и денацификација на Украина“ и ќе го елиминираат она што Русија во моментов го смета за „закана за безбедноста на руската држава и народ“.

„Претседателот ја формулираше својата визија за тоа што ние би очекувале од Украина за да ги решиме горливите проблеми. Тоа е неутрален статус и одбивање да се инсталираат и да се користат системи за оружје“, рече Песков.

Тој исто така изјави дека Путин е тој што ќе одреди кога би можеле да се одржат преговорите и додаде дека Русија ќе влезе во преговорите „само ако раководството на Украина е подготвено да разговара“.

„Сегашната операција има свои цели и тие мора да се постигнат. Претседателот рече дека сите одлуки се донесени и дека целите мора да се постигнат“, рече Песков.

Тој, исто така, истакна дека во случај Киев да се согласи со барањата на Путин, сегашната инвазија на Украина ќе биде запрена.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ