петок, 12 декември 2025

Москва демантираше дека Русија одговорила на предлогот на САД за украинската криза

Објавено на

часот

Сподели

Кремљ бара правно обврзувачки гаранции од САД и НАТО дека нема да ја примат Украина во западниот воен пакт, дека нема да распоредуваат оружје во близина на руските граници и дека ќе ги повлечат своите сили од Источна Европа.

Барањата, кои НАТО и САД ги отфрлија, доаѓаат по западните стравувања од руска инвазија на Украина.

Вашингтон на Москва ѝ достави писмен одговор на барањата, а во понеделникот тројца функционери на американската влада изјавија дека руската влада испратила пишан одговор на предлозите на САД.

Грушко денес за агенцијата РИА Новости кажа дека „тоа не е точно“. Агенцијата цитираше и неименуван висок дипломат во руското министерство за надворешни работи кој кажал дека министерот за надворешни работи Сергеј Лавров им испратил порака на западните колеги, вклучувајќи го американскиот државен секретар Ентони Блинкен за „принципот не неделивоста на безбедноста“, но дека тоа не е одговор на предлозите на Вашингтон.

Шефот на руската дипломатија Лавров на 28 јануари изјави дека предлозите на САД се подобри од оние добиени од НАТО за гаранциите за безбедноста.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ