„Во врска со потврдените информации дека венецуелскиот претседател Николас Мадуро и неговата сопруга се во Соединетите Американски Држави, силно го повикуваме раководството на САД да го преиспита овој став и да го ослободи легално избраниот претседател на суверена држава и неговата сопруга“, се вели во соопштението на руското Министерство за надворешни работи.
Москва ги повикува Вашингтон и Каракас да ги решат сите постојни проблеми преку дијалог, пренесува Спутник.
„Ја нагласуваме потребата од создавање услови за решавање на сите постојни проблеми меѓу Соединетите Американски Држави и Венецуела преку дијалог“, соопшти руската дипломатска служба.






