Тој истакна дека е време Америка своето нуклеарно оружје да го врати дома. Лавров кажа и дека Украина сè уште поседува нуклеарно оружје од Советскиот Сојуз.
„Не смееме да погрешиме во одговорот на таа опасност“, кажа тој, истакнувајќи дека треба да се воздржи од опасни чекори во военото јакнење.
„Русија е спремна да соработува со Америка во создавањето стратегија за стабилност“, кажа тој.
Тој во име на Русија ги повика САД и нивните сојузници да се придружат на мораториумот на распоредување ракети со краток и среден дострел во Европа.
„За нас е неприфатливо, и спротивно на основните принципи на Договорот за неширење, американското нуклеарно оружје и понатаму да е присутно на териториите на некои европски земји“, кажа Лавров.
Рускиот министер за надворешни работи ја критикуваше праксата на таканаречени заеднички нуклеарни мисии кои вклучуваат ненуклеарни членки на НАТО, за кои кажа дека се вклучуваат во сценаријата на употреба на тоа оружје против Русија.
„Крајно време е американското нуклеарно оружје да се врати дома, а инфраструктурата во Европа поврзана со него целосно да се демонтира“, заклучи Лавров.






