среда, 25 февруари 2026

Монд: Со околу 500.000 загинати, војната во Украина е најлошото крвопролевање во Европа од 1945 година

И покрај воената тајност за загубите на украинската и руската страна и тешкотиите во броењето на цивилните жртви, особено во окупираните области, напорите од терен и вкрстената проверка на јавните податоци овозможуваат да се процени колосалниот обем на човечки жртви во овие четири години војна, објави денес парискиот весник Монд на својата веб-страница.

Фото: Епа

Објавено на

часот

Сподели

Помеѓу 500.000 и 600.000 загинати, војници и цивили заедно – тоа е приближниот број на жртви, четири години по одлуката на рускиот претседател Владимир Путин да започне инвазија на Украина на 24 февруари 2022 година.

„Ова е најлошото крвопролевање на европскиот континент од Втората светска војна, далеку надминувајќи ги југословенските војни. Ако ги вклучиме и воените ветерани со инвалидитет, вкупниот број се приближува до два милиони лица, според пресметките на Центарот за стратешки и меѓународни студии, вашингтонски тинк-тенк специјализиран за безбедносни прашања“, наведува Монд.

Сепак, ова е само проценка, бидејќи ниту Украина ниту Русија не ги пријавиле своите воени загуби.

На цивилниот фронт, извештај на Обединетите нации, датиран од средината на февруари, го проценува бројот на докажани и идентификувани украински цивилни жртви на 53.006 на 24 февруари 2022 година, вклучувајќи 15.954 смртни случаи.

На тоа треба да се додадат десетици илјади цивилни жртви на 20 проценти од украинската територија што ја окупираше руската армија, вклучувајќи 22.000 убиени, според Киев, за време на тримесечната руска опсада на Мариупол пролетта 2022 година.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ