петок, 3 април 2026

Монд: Макрон и Драги се за „конфедерација“ на ЕУ со Западниот Балкан, Шолц е воздржан

Објавено на

часот

Сподели

Макрон ја има поддршката од италијанскиот премиер Марио Драги за предлогот за формирање „европска политичка заедница“, со која, како што оценува Монд, би била создадена „Европа во две брзини“.

Тоа се поклопува со изјавата на поранешниот италијански премиер Енрико Лета дека е особено нужно да се отвори вратата на Унијата за Украина, која е во војна со Русија, преку создавање на „европска конфедерација“ во која на ЕУ би ѝ се придружиле и земјите од Западниот Балкан, како и Молдавија и Грузија.

Макроновиот предлог привлече внимание во јавноста и во медиумите во ЕУ, но се укажува и дека германскиот канцелар Олаф Шолц, по вчерашниот разговор со францускиот претседател во Берлин, укажал дека тоа е „многу интересна идеја имајќи ги предвид големите предизвици“ со кои е соочена Унијата.

„Но, тоа не смее да го спречи она што го почнавме, а тоа се барањата за членство во ЕУ на кои долго работиме со земјите од Западниот Балкан“, кажал Шолц.

Француските медиуми потсетуваат дека европска конфедерација уште во 1989 година предложи тогашниот претседател на Франција Франсоа Митеран, но дека не доби поддршка, и наведуваат дека Макрон сега истакна дека е создадена ситуација во која е нужно сите европски земји „да почнат историско размислување за иднината на континентот“.

Лета, генералниот секретар на италијанската Демократска партија и претседател на Институтот Жак Делор, наведува дека приклучувањето на земјите од Западниот Балкан и Украина, Грузија и Молдавија особено може да го намали незадоволството поради бавниот напредок на западнобалканските партнери на патот кон членство во ЕУ.

Макрон вчера, во говорот во Европскиот парламент, ја остави можноста во „европската политичка заедница“ да бидат вклучени и државите кои ја напуштиле ЕУ или се откажале од влегувањето – Британија и Исланд.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ