понеделник, 13 април 2026

Монд: Економската политика на Орбан ја доведе Унгарија во ќор-сокак

Далеку од модернизација на Унгарија, економските политики на премиерот во заминување Виктор Орбан, кој беше поразен на парламентарните избори, ја доведоа неговата земја во ќор-сокак, објави денес парискиот весник Монд.

Фото: Епа

Објавено на

часот

Сподели

„Премиерот во заминување покажа дека економскиот популизам, проткаен со национализам и корупција, на крајот води до стагнација. Унгарците конечно ја научија лекцијата“, се вели во уводниот текст на францускиот весник.

Монд оцени дека 16 години владеење на Орбан не ја трансформирале Унгарија во „тигар на Централна Европа“.

„Земјата остана заглавена на дното на европските листи според приходите. Потрошувачката по глава на жител е најниска меѓу 27-те земји-членки“, пренесува весникот.

Парискиот весник додава дека на Орбан не му била доволна поддршката што му ја пружи американскиот потпретседател Џеј Ди Венс, во форма на идеолошко поклонение во Будимпешта пет дена пред парламентарните избори што се одржаа во неделата.

Венс тогаш рече дека Орбан „зацртал курс што може да доведе до подобра, попросперитетна Европа“, потсетува Монд, оценувајќи дека тоа не било доволно за да ги убеди Унгарците.

„Избирачите не го видоа тоа на тој начин и решително го казнија Фидес“, според Монд.

Орбан дојде на власт пред 16 години осудувајќи го системот што доведе до финансиската криза во 2008 година. Унгарија беше принудена да прифати понижувачка финансиска помош наметната од меѓународните финансиски институции.

Намалувањето на социјалната потрошувачка предизвика длабоко незадоволство. Лидерот на Фидес тогаш вети дека ќе прекине со „либералната парадигма“ со изградба на суверена економија ослободена од „диктатите“ на Брисел и апетитите на мултинационалните компании.

Во текот на втората половина на 2010-тите, Унгарија доживеа период на просперитет со одржлив раст, намалување на невработеноста и контролиран долг.

„Сепак, овој пораст се должеше помалку на неконвенционалните економски политики на Орбан, а повеќе на надворешни фактори – изобилство на странски капитал, огромни европски фондови и поволен индустриски циклус во Германија, што ја направи Унгарија нејзина база за подизведувачи“, додаде Монд.

Францускиот весник пренесе дека потоа распределбата на богатството била селективна. Ова богатство го стекнале само оние на кои им биле доделени јавни договори и кои биле заштитени играчи во стратешките сектори.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ