понеделник, 30 март 2026

Молдавија поднесе барање за членство во ЕУ

Објавено на

часот

Сподели

Потегот на Санду доаѓа неколку дена откако украинскиот претседател Володимир Зеленски, кој се бори против руските сили, потпиша барање за итно членство во ЕУ.

Москва жестоко се спротивставува на источното проширување на ЕУ, а особено на НАТО, што го гледа како директна закана за сопствената национална безбедност.

Санду, премиерот и парламентарниот спикер го потпишаа документот за време на брифингот во главниот град Кишињев, каде проруските и про-ЕУ политичарите се борат за контрола над Молдавија, која ја освои независноста од Советскиот Сојуз во 1991 година.

„30 години беа потребни за Молдавија да достигне зрелост, но денес земјата е подготвена да преземе одговорност за сопствената иднина“, рече Санду, пред да го подигне потпишаниот документ пред телевизиските камери, пренесе Ројтерс.

„Сакаме да живееме во мир, просперитет, да бидеме дел од слободниот свет. Додека за некои одлуки е потребно подолго време, други мора да се донесат брзо и решително“, рече таа.

Барањето ќе биде испратено во Брисел во наредните денови, рече таа.

Грузија исто така поднесе барање за членство во ЕУ во четвртокот, по барањето од Украина. За кандидатурата на Украина ќе се разговара на неформалниот самит на ЕУ следната недела.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ