четврток, 11 декември 2025

Младите Грци ја осудуваат корупцијата – сè додека не им затреба, според анкета

Осум од десет Грци, или 83 проценти од граѓаните, веруваат дека корупцијата постои во земјата во голема или прилично голема мера, додека повеќе од една третина од анкетираните изјавиле дека се соочиле со корупција во изминатите 12 месеци, според ново истражување на компанијата „Палмос аналиси“ за перцепцијата на корупцијата.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Анкетата, спроведена за Националниот орган за транспарентност (НТА), покажа дека мнозинството млади под 24 години силно ја осудуваат корупцијата и не ја толерираат – освен кога сметаат дека „им е потребна“, објави Катимерини.

Само три проценти од испитаниците веруваат дека корупцијата воопшто не постои или постои во многу мала мера, додека 64 проценти од граѓаните со магистерска или докторска диплома оцениле дека корупцијата во Грција е „многу распространета“.

Испитаниците покажуваат највисока толеранција кон корупцијата во односите меѓу бизнисмените и државните службеници за промовирање инвестиции, потоа во усвојувањето поволни законски решенија за големи инвестициски проекти и во интервенциите за трансфер на војници.

Анкетата покажа дека 38 проценти од граѓаните лично се соочиле со корупција во изминатата година. Таа е најраспространета во здравството (23 проценти), потоа во јавната администрација и локалната самоуправа (14 проценти), политиката (13 проценти) и во судството и урбанистичкото планирање, односно јавните работи (7 проценти).

„Овој феномен е меѓународно признат како една од клучните причини за заминувањето на висококвалификувани млади професионалци од земјите со високи стапки на корупција, кои бараат институционално постабилни средини, засновани на меритократија и еднакви можности“, изјави Александра Рогаку од Националната академија на науките.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ