Снимки од пограничните региони прикажуваат голем број оклопни возила со ознаката „Z„, вклучувајќи и конвој во Шебекин, само осум километри од украинската граница.
„Изгледа дека руските сили во близина на границата се означуваат со буквата „Z„ за да ги идентификуваат различните воени единици“, забележа на Твитер воениот аналитичар Роб Ли.
Засега не е јасно што значи буквата „Z“.
Има нагаѓања дека ознаката треба да спречи пријателски оган во случај на руска инвазија.
Друга теорија е дека сите сили означени со „Z“ биле дел од одредена група со непозната намена.
Некои аналитичари единиците кои ја носат ознаката ги нарекоа „Зоро одред“.
„Се појавуваат бројни снимки од руски воени возила со ознаки „Z“. Нашата проценка е дека тоа се идентификациски ознаки „пријател или непријател“ кои ги користат војските за време на војна“, пишува на Твитер профилот Украина вор рипорт, кој го следи разместувањето на руските трупи во близина на границата.
„Во последните денови видов многу слики со руски трупи во кампови како се кријат во шумите, од Белорусија до Солотија“, напиша Конрад Музика од Рочан консалтинг кој ги следи руските воени активности. „Мислам дека Русите добро работат во смисла на оперативната безбедност“.
More fully-loaded MT-LB vehicles with gear and troops, BAT-2 armored tracklayers, and Borisoglebsk 2 EW systems in Kursk. https://t.co/T8Gvk01NCm pic.twitter.com/lZSh13Ydx4
— Rob Lee (@RALee85) February 20, 2022
19.02.2022. Білгородська обл.https://t.co/Bv2smJpZKh pic.twitter.com/0Zco9pRWZp
— Идзанаги ?? ?? (@Idzanagi4) February 19, 2022






