сабота, 13 декември 2025

Мисија на ИАЕА во Јапонија: почна проектот за испуштање на водата од Фукушима во морето

Објавено на

часот

Сподели

Повеќе од милион тони вода од дожд, подземни води и вода за ладење на реакторот се акумулирани во резервоари околу централата, додека просторите за складирање на локацијата се речиси пополнети.

Големиот систем за пумпање и филтрирање ги отстранува повеќе радиоактивни материи од оваа вода. Јапонските власти соопштија дека плановите за разблажување и испуштање на таа вода не претставува никаква опасност.

ИАЕА го поддржа тоа решение за кое наведува дека е како одложување на отпадните води од нуклеарните централи на други места во светот.

Проектот, кој Токио го усвои минатиот април и кој треба да почне во март 2023, предизвика остри критики од соседните земји, вклучувајќи ги Кина и Јужна Кореја, загрижени поради можните последици по животната средина и здравјето.

Јапонските рибари стравуваат дека тоа ќе им ги уништи годините работа за враќање на довербата во нивните производи.

Тепко, операторот на оштетената нуклеарна централа и јапонската влада, се надеваат дека надзорот на ИАЕА ќе ја врати довербата.

Тимот на ИАЕА, чија мисија трае пет дена, ќе ја посети локацијата и во петок ќе одржи конференција за медиумите.

Процесот на филтрација во водата во Фукушима ги отстранува повеќето радиоактивни елементи, но некои остануваат, вклучувајќи го трициумот.

Според експертите, трициумот е опасен по здравјето на луѓето само во високи концентрирани дози, а таквата ситуација е исклучена во случај на многу постепено испуштање и негово разблажување во морето.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ