сабота, 27 декември 2025

Мишел: Запленетиот имот на олигарсите треба да се продаде и инвестира во Украина

Објавено на

часот

Сподели

„Апсолутно сум убеден дека ова е исклучително важно, не само да се замрзне имотот, туку и да се овозможи да се конфискува и да се инвестира во обновата на Украина. Мислам дека ова е прашање на праведност“, изјави Мишел за украински Интерфакс.

Минатиот месец ЕУ објави дека замрзнала 30 милијарди евра средства поврзани со руски и белоруски поединци под санкции. Со изјавата за продажба на запленетата сопственост на Русите, Шарл Мишел стана првиот висок функционер на ЕУ кој предложи одземање на имотот.

Американскиот претседател Џо Бајден минатата недела предложи да се продаде запленетиот имот на олигарсите за да се поправи штетата предизвикана од Русија и да се помогне во обновата на Украина.

Но, некои предупредија дека какви било законодавни чекори во тој поглед би можеле да загрозат некои основни права, што Мишел го призна како нешто што претставува одредена загриженост.

„Одземањето на имотот на санкционираните лица не е толку едноставно. Тоа би бил тежок и долг процес“, рече Шарл Мишел.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ