сабота, 27 декември 2025

Мишел: ЕУ значително ќе ја зголеми воената поддршка на Молдавија

Објавено на

часот

Сподели

„Предвидуваме оваа година значително да ја зголемиме нашата поддршка на Молдавија, со испорака на дополнителна воена опрема на оружените сили“, кажа Мишел на заедничката конференција за медиуми во Кишинев со прозападната молдавска претседателка Маја Санду.

ЕУ има задача да ја поддржи Молдавија, кажа денес Мишел. Оваа порака доаѓа неколку дена по нападот на отцепената проруска молдавска територија Придњестровје, што предизвика стравување од прелевање на конфликтот од Украина.

„ЕУ целосно се солидаризира со вашата земја Молдавија. Нашата европска должност е да ѝ помогнеме и да ја поддржиме вашата земја и да ја зголемиме поддршката на вашата стабилност, вашата безбедност и територијалниот интегритет“, кажа Мишел.

Молдавија официјално, на почетокот на март, поднесе барање за членство во Европската Унија, една недела по почетокот на руската инвазија на Украина.

Молдавија стравува од прелевање на конфликтот од Украина во Придњестровје.

Областа која се отцепи од Молдавија по кратката граѓанска војна по распадот на Советскиот Сојуз има околу 500.000 жители, а Русија ја поддржува и економски и воено.

Русија таму има околу 1.500 војници кои служат како мировни сили, но се стравува дека можат да бидат употребени во инвазијата на Украина.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ