понеделник, 8 декември 2025

Мировни сили на ОН во Либан ја обвинуваат израелската армија дека пукала врз нив: Израелците велат дека не ги препознале поради лошото време

Израелската војска денеска отвори оган врз припадници на мировните сили на Обединетите нации (ОН) во јужен Либан, во инцидентот, кој мировната мисија на ОН го опиша како „сериозен прекршок“, нема повредени.

Фото: Епа

Објавено на

часот

Сподели

Израелски војници отвориле оган врз две лица кои ги сметале за сомнителни во областа Ел Хамес во близина на државната граница, подоцна сфатиле дека се членови на мировната мисија на ОН, соопшти израелската армија, пренесува Ројтерс.

Војската соопшти дека припадниците на мировните сили на ОН не се препознаени поради лошите временски услови.

Истрагата за инцидентот е во тек.

Мисијата на ОН во Либан (УНИФИЛ) соопшти дека израелските сили отвориле оган од тенк позициониран во либанска територија и дека нејзините припадници морале да побараат засолниште.

Тенкот се повлече откако претставници на ОН контактираа со израелската војска преку официјални канали.

Мисијата на ОН во Либан го нарече инцидентот „сериозно кршење“ на Резолуцијата 1701 на Советот за безбедност на ОН, во која се наведува дека никакви вооружени сили не треба да бидат активни во јужен Либан, освен мировната мисија на ОН и либанската армија.

Либанската армија соопшти дека израелските закани за суверенитетот на Либан водат до нестабилност во земјата и го спречило распоредувањето на либанските вооружени сили на југ.

Израелската војска одржува пет позиции во Либан и често спроведува воздушни напади на југот од земјата, тврдејќи дека нејзина цел е милитантната група Хезболах, поддржана од Иран.

Израел и Хезболах минатата година постигнаа договор за прекин на огнот, кој предвидува дека либанската милитантна група нема да има никакво оружје на југ, во замена за целосно повлекување на израелските сили од Либан.

Израел го обвинува Хезболах дека се обидува да се вооружи, додека либанската влада го обвинува Израел дека ги крши договорите со тоа што не се повлекува од Либан и продолжува да изведува воздушни напади.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ