недела, 7 декември 2025

Мирослав Лајчак се споменува повеќепати во протечените мејлови на Џефри Епстин

Нови мејлови објавени во средата откриваат врски меѓу осудениот сексуален престапник Џефри Епстин и поранешниот претставник на ЕУ за дијалог помеѓу Белград и Приштина, Мирослав Лајчак, кој сега е висок советник на премиерот Роберт Фицо, пренесува бриселскиот портал Еурактив.

Фото: Епа

Објавено на

часот

Сподели

Досиејата за Епстин содржат илјадници документи што детално ја опишуваат криминалната мрежа на Џефри Епстин и неговите врски со глобалните политички, деловни и академски елити, потсетува Еурактив.

Епстин, осуден сексуален престапник кој изврши самоубиство во затвор – беше обвинет за трговија со малолетни девојки. Вo среда демократите од Комитетот за надзор на Претставничкиот дом на САД објавија нови мејлови, вклучувајќи и некои што го споменуваат претседателот на САД, Доналд Трамп.

Според преписката, Епстин се осврнал на Лајчак во неколку пораки, опишувајќи го како личност со „меѓународно влијание“. Лајчак – моментално словачки дипломат и советник на словачкиот премиер Роберт Фицо за Западен Балкан – е поранешен министер за надворешни работи на Словачка (2009–2010, 2012–2020), претседател на Генералното собрание на ООН (2017–2018) и специјален пратеник на ЕУ за дијалогот Белград-Приштина (2020–2025).

Во електронска пошта од 2019 година, Епстин го запознал со неименуван контакт како актуелен словачки министер за надворешни работи, претседател на ОБСЕ, поранешен претседател на Обединетите нации и „најважно од сè, пријател“.

Тој, исто така, се осврна на Лајчак со неговиот познат словачки прекар „Миро“, што укажува на лична блискост. Во друга размена од 2018 година, првично објавена од словачкиот портал 360-тка.ск, Епстин напишал дека „Миро доаѓа во Палм Бич“ – алудирајќи на една од резиденциите во Флорида – „за да планира стратешки“.

Словачкиот портал Вести.ск во петокот објави дека документите не содржат докази дека Лајчак бил свесен или вклучен во криминалните активности на Епстин. Сепак, тие укажуваат дека Епштајн го сметал за сојузник во меѓународните дипломатски кругови.

Мејлот исто така покажува очигледен интерес на Епстин за словачката политика. Тој коментирал за оставката на тогашниот премиер Роберт Фицо во 2018 година, по убиството на истражувачкиот новинар Јан Куцијак, и подоцна го критикувал изборот на проевропската претседателка Зузана Чапутова во 2019 година – пишувајќи дека Лајчак „би бил подобар кандидат“.

Словачките медиуми, вклучувајќи ја и Еурактив Словачка, побараа коментар и од Лајчак и од Министерството за надворешни работи, но не добија одговор.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ