сабота, 20 декември 2025

Министрите од Г7 ветија дека ќе ја засилат економската и политичката изолација на Русија

Објавено на

часот

Сподели

По состанокот во замокот стар 400 години во балтичкото одморалиште Вајсенхаус, министрите за надворешни работи на Велика Британија, Канада, Германија, Франција, Италија, Јапонија, Соединетите Американски Држави и Европската унија, ветија дека ќе продолжат со воената помош за Украина се додека е потребно.

Тие во заедничка изјава рекоа дека ќе се осврнат на „руските дезинформации“ чија цел е да се обвини Западот за проблемите со храната ширум светот поради економските санкции кон Москва и ја повикаа Кина да не ѝ помага на Русија и да не ја оправдува руската инвазија.

Клучот за зголемување на притисокот врз Русија е забраната или постепеното укинување на руската набавка на нафта. Се очекува следната недела земјите-членки на ЕУ да постигнат договор за ова прашање, иако во моментов има противење од Унгарија.

„Ќе ги забрзаме нашите напори да го намалиме и прекинеме нашето потпирање на руската енергија што е можно поскоро, надградувајќи се на обврските на Г7 за постепено укинување или забрана за увоз на руски јаглен и нафта”,изјавиле министрите.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ