вторник, 10 март 2026

Трамповиот министер за одбрана читаше од Библијата на прес-конференција (ВИДЕО)

Американскиот министер за одбрана Пит Хегсет цитираше библиски псалм на прес-конференција за војната во Иран.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„По враќањето од воздухопловната база синоќа, ми беше тешко поради нашите војници, нивните семејства и огромната жртва што ја прават. Затоа ќе завршам со цитат од Светото писмо, црпејќи сила од Псалм 144“, рече Хегсет.

Потоа цитираше стих што традиционално му се припишува на библискиот крал Давид: „Благословен да е Господ, мојата карпа. Тој ги тренира рацете мои за војна и прстите мои за битка. Тој е мојата љубов и мојата тврдина. Мое засолниште, мој избавител и штит зад кој се засолнувам.“

А потоа премина на своја молитва: „Нека Господ им даде непоколеблива сила и засолниште на нашите воини, нескршлива заштита во нашата татковина и целосна победа над оние кои сакаат да им наштетат“, продолжи Хегсет. „Амин. Господ да ги благослови нашите војници и оваа мисија“, заклучи тој.

Вчера беше објавено дека и седми американски војник е убиен на Блискиот Исток по иранските одмазднички напади врз американските бази.

Хегсет исто така најави уште пожестоки напади врз Иран во војната што трае веќе 11 дена.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ