„Ќе направиме сè што е во наша моќ за да ја поддржиме Украина во нејзините напори за бранење на својата територија“, изјави Остин во Братислава по средбата со словачкиот колега. „Воведувањето зона на забранети летови значи дека сме во конфликт со Русија, а нашиот претседател кажа дека тоа нема да го правиме“.
„За да го контролирате небото, мора да ја исклучите противвоздушната одбрана на земјата. А некои од тие системи се во Русија така што повторно не постои едноставен начин тоа да се направи. Не постои слаба верзија на зона на забранети летови. Остануваме на ставот дека тоа нема да го направиме“, кажа Остин.
Додаде дека украинските сили успешно користат систем на противвоздушна одбрана за да ги одвратат нападите на Русија. „Нашата цел е да продолжиме да ги јакнеме оние нешта кои ѝ придонесуваат на Украина“, додаде Остин.
Украинскиот претседател Володимир Зеленски постојано бара Западот да спроведе зона на забранети летови над Украина.






