петок, 19 декември 2025

Минатото лето, повеќе од 62.700 смртни случаи во Европа се припишани на високите температури

Топлотните бранови предизвикаа повеќе од 62.700 смртни случаи во Европа во 2024 година, кои се поврзани со невообичаено високи температури и влажност, што е зголемување од речиси 25 проценти во споредба со 2023 година, според студијата на Институтот за глобално здравје во Барселона (ИСГлобал), објавена денес во списанието Нејчр медисин.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Повеќе од 181.000 смртни случаи поврзани со топлината се регистрирани во Европа од летото 2022 до летото 2024 година“, рече Џоан Балестер Кларамунт, главна авторка на студијата.

Исто како и во 2022 и 2023 година, Италија била убедливо најтешко погодена од летниот топлотен бран минатата година. Експертите проценуваат дека помеѓу 1 јуни и 30 септември 2024 година, 19.000 луѓе починале во земјата како резултат на летните горештини.

Шпанија е втора со повеќе од 6.700 смртни случаи, по што следува Германија со околу 6.300 смртни случаи. По неа следуваат Грција со нешто помалку од 6.000 смртни случаи и Романија со повеќе од 4.900 луѓе кои починале од последиците на високите температури.

Рангирањето се менува кога проценетиот број на смртни случаи поврзани со невообичаено високите температури се гледа во однос на бројот на жители на дадена земја. Податоците од студијата сугерираат дека во овој случај Грција е на прво место со 574 смртни случаи поврзани со топлина на милион жители, по што следуваат Бугарија со 530 и Србија со 379.

Во 15 од 32 проучувани земји, летото 2024 година беше најсмртоносното во последните години. Во некои земји, како што се Германија, Шпанија и Франција, летото 2022 година беше уште полошо. Генерално, истражувачите забележаа дека имало малку повеќе смртни случаи поврзани со топлина во Европа во 2022 година отколку во 2024 година.

Фактори како што се регионалните разлики во висината на температурата и влажноста играат улога во ваквите варијации. Истражувачите забележаа дека постарите лица се особено изложени на ризик.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ