Убиството го извршил во 2000 година за да ја спречи Берман на полицијата да ѝ даде информации за исчезнувањето на неговата жена. Полицијата верува дека тој убил уште две лица.
Милионерот сосема случајно го признал убиството, за време на снимање на криминалистичка документарна серија на ХБО. Судењето му беше одложено повеќе од една година поради пандемијата на ковид-19.
Во октомври беше осуден на доживотен затвор. Два дена по изрекувањето на пресудата, беше примен во болница со ковид и ставен на респиратор.
Адвокатот на Дурст Чип Луис кажа дека Дурст умрел од природна смрт и дека веќе подолго време имал здравствени проблеми.
Дурст случајно ги признал убиствата за време на снимање на документарен филм на ХБО во 2015 година.
Додека сè уште го носел микрофонот по едно интервју бил снимен како сам на себе си зборува: „Што сум направил? Ги убив сите“.
Обвинителите тврдат дека го убил и својот сосед Морис Блек, додека бил во бегство во Тексас. Осомничен е за смртта на својата сопруга Кетлин Дурст во 1982, чие тело никогаш не е најдено, а која официјално е прогласена за мртва во 2017 година.
Иако со години бил осомничен за исчезнувањето на сопругата, 29-годишна студентка по медицина, никогаш не е поднесено обвинение. Обвинителите кажаа дека тој ја убил и 18 години подоцна решил да ја убие Берман бидејќи им открила на други дека му помогнала да го прикрие злосторството.
Обвинителите за време на судењето го поврзаа Дурст и со убиството на Морис Блек во Тексас во 2001. Дурст во тој случај беше ослободен од обвинението за убиство иако призна дека го распарчил Блек и ги фрлил неговите остатоци. Тој тврдел дека го застрелал случајно.






