понеделник, 15 декември 2025

Милијардер донираше 99.999 долари на муслиманот кој спаси Евреи за време на терористичкиот напад во Сиднеј (ФОТО+ВИДЕО)

Американски милијардер донираше речиси 100.000 долари – максималниот дозволен износ за онлајн донација – на човек прогласен за „херој од плажата Бонди“. Тој е граѓанин кој совлада еден од напаѓачите за време на нападот и му го одзема оружјето. Донацијата изнесува 99.999 долари, што е околу 85.000 евра.

Фото: принтскрин

Објавено на

часот

Сподели

Видеото кое стана вирално го прикажува 43-годишниот сопственик на продавница за овошје Ахмед Ал Ахмед како трча кон напаѓачот и му го грабнува оружјето. Откако му го зема оружјето, го насочува кон него, принудувајќи го да се повлече.

Кампањата „Гоу фанд ми“ за Ахмед собра речиси 1 милион долари.

Најголемата единечна донација ја даде американскиот милијардер Вилијам Акман, извршен директор на „Першинг сквер капитал менаџмент“, кој го пофали „храбриот херој“ за спасување животи на социјалните мрежи. Родителите на Ахмед претходно изјавија дека нивниот син бил застрелан четири или пет пати во рамото и дека е на лекување во болница.

На прес-конференција, премиерот на Нов Јужен Велс Крис Минс му оддаде почит на Ахмед, чие име сè уште не беше објавено во тоа време. „Овој човек е вистински херој и не се сомневам дека многу, многу луѓе се живи вечерва благодарение на неговата храброст“, рече тој.

„Денес видовме како Австралијанци трчаат кон опасност за да им помогнат на другите. Овие Австралијанци се херои, а нивната храброст спаси животи“, рече австралискиот премиер Антони Албанис.

На божиќниот прием во Белата куќа, американскиот претседател Доналд Трамп, исто така, го пофали Ахмед, велејќи дека има „голема почит“ кон него. „Тој е многу, многу храбар човек. Тој директно нападна еден од напаѓачите и спаси многу животи“, рече тој.

Полицијата објави дека најмалку 15 лица се убиени во вчерашниот напад. Нападот бил насочен кон еврејската заедница за време на прославата на Ханука на плажата Бонди, а 29 лица биле однесени во болница, вклучувајќи едно дете. Меѓу жртвите има и еден израелски државјанин.

Полицијата на Нов Јужен Велс потврди дека двајцата напаѓачи биле татко и син, идентификувани како 50-годишниот Саџид Акрам и неговиот 24-годишен син Навид Акрам, кои биле истражувани од безбедносните служби во 2019 година за нивни врски со терористичката организација Исламска држава.

Таткото бил убиен на местото на настанот, со што вкупниот број на жртви достигна 16, додека синот е во критична состојба во болница. Целиот инцидент е прогласен за терористички чин.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ