„Тешко е да се контролира небото седум дена во неделата. Тоа веројатно никој не го прави. Тоа како во случајот со ова беспилотно летало, прашање е кој тоа во реално време би успеал да го собори. Тоа што (српскиот претседател Александар) Вучиќ се фали, веројатно ни тие тоа не би можеле да го соборат“, им кажа Милановиќ на новинарите.
Српскиот претседател Вучиќ вчера за дронот кој падна во Загреб кажа дека верува дека военото воздухопловство и противвоздушната одбрана на војската на Србија би го собориле леталото.
„Некои немаат со што, а ние ги имаме најдобрите воздушни ракети, секој ден и секоја вечер имаме воздушна контрола на нашето небо. Не смее да се пушти што било на кој било начин да ги загрози нашите граѓани. Хрватска има извонредна копнена војска, во оклопни возила се многу подобри од нас, но во моментов се послаби во воздухопловството и противвоздушната одбрана, затоа купија 12 авиони „рафал““, кажа српскиот претседател.
Милановиќ денес кажа дека Србија има добра опрема, но дека во седум минути не би успеале да го урнат беспилотното летало.
„Јас нив не ги гледам како конкуренција ни како закана. Јас не ги гледам како непријатели. Но тие не би успеале ова да го урнат во седум минути. Не би успеала ни Хрватска да го има тоа, ни Германија“, кажа тој.
Милановиќ кажа дека „нема апсолутна заштита“.
„Шансата да се повтори ова е мала, воопшто да дојде до Загреб, мислам дека и Унгарците нешто научија“, додаде хрватскиот претседател.






