„Додека сум претседател, ќе бидам против тоа НАТО да се шири каде било“, кажа Милановиќ.
Изјавата на хрватскиот претседател, која е спротивна на политиката на отворени врати на Северноатлантската алијанса, стигнува во време на високи тензии меѓу Русија и западните земји токму околу Украина.
Русија за деескалација на ситуација, меѓу другото, бара гаранции дека НАТО нема да се шири во Украина.
„Мислам дека оној кој заговара НАТО да се шири во Украина го загрозува и хрватскиот интерес. Бидејќи ние сме во НАТО, некој утре може нашите луѓе таму да ги испрати“, објасни Милановиќ.
„Не е исто да се биде дел од борбена група во Унгарија, на Балатон или хрватската војска на првата линија во исчекување на напад. Зошто би ги испраќале таму? Ќе видиме, сè ќе утврдиме. Саборот може секогаш да оди во луда авантура, но тогаш и ќе одговара“, кажа Милановиќ.
„Гледаме како една сиромашна земја се уништува со загревање на паниката. Па самата Украина повикува да се смират тензиите“, кажа тој.
„По ова на некои нешта ќе биде тешко да се поверува. Едноставно, на ваквите нешта се губи кредибилитетот ако сè покаже дека не било сè точно. Ние мислиме со своја глава, така и ќе биде. Никој ништо не ни дал, но нема да се одмаздуваме. Нам ни беше потешко отколку на Украина сега, а добивме ембарго. На Украина ѝ се создава илузија дека може да се одбрани од Русија, ги поттикнуваат на конфликт, а истовремено се зборува дека наши војници нема да има таму“, кажа Милановиќ.






