недела, 28 декември 2025

Милановиќ најави вето во случај на покана на Финска и Шведска за влез во НАТО

Објавено на

часот

Сподели

По свечената седница на Градскиот совет по повод Денот на Вуковар, Милановиќ, кој заговара блокирање на пристапот на Шведска и Финска во НАТО додека не биде изменет изборниот закон во БиХ во корист на Хрватите, кажа дека како претставник на Хрватска на самитот ќе стави вето на испраќањето покана на Финска и Шведска, но додаде дека тоа би можел да го направи хрватскиот амбасадор, соопшти кабинетот на Милановиќ.

„Не сум сигурен дека можам да го натерам хрватскиот амбасадор да го заземе мојот став на Советот на амбасадори, кој исто така може да упати повик. Тој би морал да биде неутрален. Тогаш владата ќе мора да каже дека таа е апсолутно и безусловно за тие држави да бидат повикани во НАТО, без решавање на хрватскиот проблем (во БиХ). Тогаш тоа е предавство. Тогаш знаеме на што сме“, кажа Милановиќ.

Додаде дека Хрватска е „модерна самостојна земја која мисли со своја глава“.

„Ако Кипар може да стави вето на санкциите на (белорускиот лидер Александар) Лукашенко додека не биде решен проблемот со Турција околу експлоатацијата на гасот, зошто Хрватска не би можела ова да го направи“, праша Милановиќ.

Премиерот на Хрватска Андреј Пленковиќ вчера го обвини Милановиќ дека со заговарање блокада на пристапот на Шведска и Финска во НАТО додека не биде променет изборниот закон во БиХ ги застапува проруските ставови и ѝ прави штета на Хрватска на меѓународен план и на Хрватите во БиХ.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ