Тој оцени дека високиот претставник за БиХ со изјавата за одржување избори на есен без оглед на исходот на преговорите за изборната реформа ги охрабрува бошњачките партии да ги газат Хрватите и истакна дека без Хрватите и Србите нема БиХ.
„Се однесуваат, за среќа без оружје, нивниот начин на постапување е ист како на Слободан Милошевиќ на крајот на осумдесеттите. Одиш на унитаризација на една државно-правна творба која моја да биде федерална“, кажа Милановиќ.
Тој порача дека „БиХ без Хрватите не постои, а без Србите, кои ги има повеќе од Хрватите, уште помалку“. Милановиќ остро го критикуваше високиот претставник Кристијан Шмит поради изјавата дека изборите во БиХ ќе се одржат на есен без оглед на успехот на преговорите прашувајќи кој е тогаш мотивот на бошњачките претставници да „преговараат со добра намера“.
„Бошњачките политичари играат провидна игра во која купуваат време“, заклучи Милановиќ, кој оцени дека „Хрватите ги туркаат во партнерство со Додик“ и дека им се дава „кусурот“.
Тој ја критикуваше и хрватската влада за тоа што не реагира поостро на случувањата во БиХ со оценка дека повторно „хрватските претставници ќе ги изберат Бошњаците“.






