недела, 1 февруари 2026

Мета се заканува дека ќе ги изгаси Фејсбук и Инстаграм во Европа

Објавено на

часот

Сподели

Како што пренесува Јуроњуз, во својот годишен извештај до американската Комисија за хартии од вредност и берзи Мета минатиот четврток предупредила дека, ако не се усвои нова рамка, компанијата ќе ги изгаси Фејсбук и Инстаграм во Европа. Мета наведува дека обработката на корисничките податоци меѓу земјите е клучна за работењето и таргетирањето на огласите.

„Ако не сме во можност да ги пренесуваме податоците меѓу земјите и регионите во кои работиме, или ако ни е забранети споделување податоци со нашите производи и услуги, тоа би можело да влијае врз нашата способност за пружање услуги, начинот на кој ги пружаме услугите или нашата способност за таргетирање огласи“, се наведува во изјавата.

Во случај да не биде донесена нова рамка, „веројатно нема да можеме да понудиме низа наши најзначајни производи и услуги, вклучувајќи ги Фејсбук и Инстаграм, во Европа“, тврдат од Мета.

Мета претходно можеше да ја користи рамката за пренос на податоците Прајваси шиелд како правна основа за вршење трансатлантски пренос на податоците. Но, во јули 2020 Европскиот суд за правда го поништи договорот поради кршење на заштитата на податоци. Судот утврди дека постоечката рамка не ја штити приватноста на европските граѓани на соодветен начин.

Како резултат на тоа, американските компании беа ограничени во испраќањето европски кориснички податоци во САД и мораа да зависат од стандардните договорни клаузули (ССЦ). ЕУ и САД кажаа дека работат на нова и ажурирана верзија на договорот.

„Осигурувањето нов аранжман за безбедни трансатлантски протоколи на податоците е приоритет за нас и нашите американски партнери“, кажа портпарол на Европската комисија за Јуроњуз.

„Немаме апсолутно никаква желба ниту имаме планови за повлекување од Европа, но едноставната реалност е дека Мета, и многу други компании, организации и услуги, зависат од преносот на податоци меѓу ЕУ и САД за работата на глобалните услуги“, соопшти компанијата.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ