Кога конзервативниот лидер го започна својот говор на годишната церемонија за доделување на наградата Талисман, организирана од Германската фондација за интеграција, многу присутни, претежно млади мажи и жени, станаа, му го свртеа грбот и ја напуштија салата.
Снимките што се шират на социјалните мрежи покажуваат како демонстрантите си заминуваат во тишина. Наградата Талисман се доделува на мигранти со успешни животни приказни и поединци кои промовираат демократски вредности, инклузивност и напори за интеграција.
Half of the room walked out as Merz started a speech at the Germany Integration Institute pic.twitter.com/D9N5TEZRFh
— James Jackson (@derJamesJackson) November 19, 2025
Реакцијата на демонстрантите беше одговор на изјавите што Мерц ги даде минатиот месец на еден настан во Потсдам. Мерц тогаш нагласи строги миграциски политики на својата влада и зголемен број на депортации на илегални мигранти, напоменувајќи дека ги исправа пропустите на претходните политики.
“Но, секако, сè уште имаме овој проблем во градската слика, и затоа нашата министерка за внатрешни работи работи на планови кои ќе овозможат депортации во поголем обем”, изјави тогаш Мерц.
Формулацијата на канцеларот „проблем во градската слика“ предизвика остри критики од групи за човекови права и опозициски политичари, кои го обвинија за користење расистички и дискриминаторски јазик. Критичарите тврдат дека неговите зборови ја одразуваат реториката на крајната десница и стигматизираат мигрантски заедници.






