„Доколку оваа војна ескалира во голем регионален конфликт, таа би можела да ги оптовари Германија и Европа уште повеќе отколку што неодамна доживеавме за време на пандемијата ковид-19 или на почетокот на војната во Украина во февруари 2022 година“, рече Мерц на заедничката прес-конференција во Берлин со сирискиот претседател Ахмед ал-Шара.
Мерц рече дека со сирискиот претседател разговарал за најновите случувања на Блискиот Исток и за опасностите од продолжен или поширок конфликт.
„Мислам дека можам да кажам дека претседателот ал-Шара го дели мојот, а всушност и нашиот, скептицизам за стратешките цели на оваа војна“, рече германскиот канцелар.
„Се надеваме дека можеме да најдеме начини и можеби да разговараме со владите на САД и Израел за што поскоро да се стави крај на оваа војна. Сепак, само наредните денови, а можеби и недели, ќе покажат колку е ова можно“, додаде тој.
Канцеларот на крај го повтори својот став дека повеќедеценискиот спор околу нуклеарната програма на Иран и дестабилизирачките активности на Техеран во регионот не може да се реши само со воени средства.






