сабота, 24 мај 2025

Мерц: Претпоставувам дека утре ќе бидам назначен за канцелар без потешкотии

Лидерот на германските демохристијани Фридрих Мерц очекува дека утре без тешкотии ќе биде назначен за канцелар во првиот круг од гласањето во Бундестагот.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Мерц рече дека сите членови на Христијанско-демократската унија (ЦДУ) и нејзината сестринска баварската Христијанско-социјална унија (ЦСУ) ќе бидат на гласањето во парламентот.

„Утре сите ќе бидат таму. Без исклучок“, рече тој.

Неколку пратеници отсуствуваа поради болест од денешната седница на која Јенс Шпан (ЦСУ) беше назначен за лидер на нивниот парламентарен клуб.

Канцеларите во Бундестагот треба да добијат апсолутно мнозинство од 316 гласови од вкупно 630 пратеници во германскиот парламент.

Мерц рече дека претпоставува оти сите ќе бидат присутни, и меѓу социјалдемократите и меѓу нас, и сите ќе гласаат за него.

Коалицијата на конзервативците и СПД има мнозинство од 328 пратеници, 12 повеќе од потребното. Кога Хелмут Кол беше назначен за канцелар во 1994 година, неговата коалиција имаше мнозинство од само четири пратеници повеќе, но гласањето помина без проблеми.

„Претпоставувам дека ќе биде исто и утре“, рече Мерц. „Во таа смисла, не треба да разгледувам алтернативи“, одговори тој на прашањето што би направил ако мнозинството во првиот круг не е доволно.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ