недела, 7 декември 2025

Мерц мисли дека Русија испраќа дронови над Германија

Германскиот канцелар Фридрих Мерц изјави дека претпоставува дека Русија стои зад серијата дронови видени над Германија во текот на викендот, вклучувајќи ги и оние што прекинаа десетици летови и оставија повеќе од 10.000 патници блокирани на аеродромот во Минхен.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Мерц нагласи дека фреквенцијата на ваквите упади во европскиот воздушен простор е без преседан дури и во споредба со времето од Студената војна.

Тој додаде дека ниту еден од дроновите досега не бил вооружен и сите летале за извидувачки цели.

Слични неидентификувани дронови се видени над неколку европски земји во последните недели.

Во Данска се регистрирани бројни летови на непознати дронови над воени објекти и аеродроми.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ