понеделник, 13 април 2026

Мерц: Германија се подготвува за економските последици од војната во Иран

Германскиот канцелар Фридрих Мерц предупреди денес дека војната со Иран ќе има долготрајни последици за глобалната економија и дека Германија се подготвува за значителен и продолжен товар врз сопствената економија.

Фото: Епа

Објавено на

часот

Сподели

“Последиците од оваа војна ќе ги чувствуваме долго, дури и откако ќе заврши”, изјави Мерц на конференција за новинари во Берлин.

„Во согласност со тоа, се подготвуваме и за значително оптоварување на германската економија за подолг период, а со тоа и за значително оптоварување на домаќинствата.“

Конзервативниот лидер изрази жалење поради неуспехот на преговорите меѓу САД и Иран што се одржаа за време на викендот во пакистанскиот главен град Исламабад, истакнувајќи дека очекувал тешкотии од самиот почеток.

„Не бев изненаден од одлуката за прекин на преговорите во Исламабад. Од самиот почеток не добив впечаток дека се добро подготвени“, изјави тој за новинарите, додавајќи дека постигнувањето дипломатско решение ќе биде долгорочен процес.

„Разговараме со американската администрација, разговараме со страните во конфликтот и разговараме со Израел“, рече Мерц.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ