понеделник, 22 декември 2025

Мелони: Италија нема да ја признае Палестина сè додека Хамас не биде разоружан

Италијанската премиерка Џорџа Мелони денес повтори дека нејзината влада нема да ја признае државата Палестина сè додека Хамас не биде разоружан и не престане да има каква било улога во управувањето со Газа.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Хамас мора да прифати дека нема улога во привремената администрација и во идната палестинска држава и мора да биде разоружан за да се спречи да продолжи да претставува закана за регионалната стабилност“, изјави Мелони пред италијанскиот Сенат, објави Анса.

Мировниот договор потпишан од Израел и палестинската милитантна група Хамас предвидува Хамас да нема улога во идното управување со Појасот Газа и предлага привремено да биде управуван од технократски, аполитичен палестински комитет, пред да биде предаден на Палестинската самоуправа.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ