Првата дама во четврток ненадејно ѝ се обрати на јавноста од Белата куќа, негирајќи каква било поврзаност со Епстин. „Не сум жртва на Епстин. Епстин не ме запозна со Доналд Трамп“, изјави таа, нагласувајќи дека со сопругот се запознала „случајно на една забава во Њујорк во 1998 година“, пренесува Си-ен-ен.
Нејзината изјава предизвика шок, не само поради нејзината содржина, туку и поради времето на објавување, бидејќи во последните денови немаше нови обвинувања што директно ја поврзуваат со Епстин. Затоа многу аналитичари сметаат дека обидот темата да се затвори всушност имал спротивен ефект.
Меланија негираше било каква блискост со Епстин и неговата соработничка Гислејн Максвел. „Никогаш не сум била пријател со Епстин“, порача таа, додавајќи дека таа и Трамп со него се среќавале само повремено во општествените кругови на Њујорк и Флорида, што го опиша како „вообичаено“.
Посебно реагираше на старите фотографии и објави што кружат на интернет: „Овие слики и приказни се целосно лажни. Не сум сведок ниту каков било сведок во врска со злосторствата на Епстин“. Додаде и предупредување до јавноста: „Внимавајте во што верувате“.
This is gobsmacking. Not only did Melania Trump suddenly decide to give a televised address about Jeffrey Epstein, she’s calling on Congress to “act,” because Epstein was “not alone.” So she just threw a giant stick of political dynamite on the issue her husband despises! pic.twitter.com/DUi2qAupoZ
— Michael Tracey (@mtracey) April 9, 2026
Трамп: „Не знаев ништо за тоа“
Додека Меланија се обидуваше да ја запре аферата, нејзиниот сопруг Доналд Трамп дополнително ја искомплицира ситуацијата. Претседателот на САД изјави дека бил изненаден од нејзиниот настап.
„Не знаев ништо за тоа“, изјави тој, кратко додавајќи дека „таа не го познаваше Епстин“, пред да го заврши разговорот со новинарката.
Извори претходно тврдеа дека Трамп бил запознаен со планот за говорот, па оваа контрадикција дополнително го засили впечатокот за хаос и недостаток на координација во Белата куќа.
Белата куќа во нова криза
Обраќањето на Меланија доаѓа во време кога администрацијата е веќе под притисок поради војната со Иран и сè погласните критики, дури и меѓу конзервативните медиуми. Наместо да ја смири ситуацијата, нејзиниот говор повторно го насочи вниманието кон аферата Епстин.
Аналитичарите оценуваат дека првата дама го избрала политички најчувствителниот момент за настап. Иако говорот траеше помалку од шест минути и беше фокусиран исклучиво на Епстин, неговите последици би можеле да бидат далекусежни.
Дополнително внимание привлече нејзината порака за жртвите: „Секоја жена треба да има свој ден јавно да ја раскаже својата приказна и нејзиното сведочење треба трајно да биде забележано во Конгресот“.
Со тоа, таа парадоксално им даде аргументи на оние кои бараат понатамошни истраги и јавни сослушувања.
Жртвите: „Ја префрла одговорноста врз нас“
Организациите што ги застапуваат жртвите на Епстин остро реагираа, обвинувајќи ја првата дама дека се обидува да го пренасочи вниманието од одговорноста на институциите.
„Првата дама Меланија Трамп сега го префрла товарот врз преживеаните, во политизирани услови што ги штитат моќните“, се вели во соопштението на групата на жртвите.
Во меѓувреме, демократите во Конгресот веќе бараат Меланија да сведочи под заклетва. „Ако сака да го исчисти своето име, треба да дојде и да сведочи пред нашиот одбор“, рече конгресменот Сухас Субраманијан.






