Корпорацијата Мекдоналдс денеска соопшти дека привремено ќе ги затвори своите ресторани во Русија, со што ќе стане најновата западна компанија што ја паузира целата работа во земјата по инвазијата врз Украина.
Синџирот за брза храна соопшти дека ќе продолжи да им исплаќа плати на своите 62.000 вработени во Русија.
Големите светски брендови, вклучително и Мекдоналдс и Пепси, беа под притисок да го паузираат своето работење во Русија од неколку тела, меѓу кои и од пензискиот фонд на државата Њујорк, објави Ројтерс.






