Неговите коментари ги објави новинската агенција РИА откако Вашингтон ги предаде писмените одговори на низата безбедносни барања кои Москва ги постави минатата година.
„Очигледно е дека всушност најважниот и единствен пат за постигнување договор за безбедносните гаранции е оној преку политичко-дипломатски средства, преговори, употребата на принципот на неделлива безбедност“, кажа Медведев.
Додаде дека потенцијалниот судир на Москва и Вашингтон околу Украина би било „катастрофално сценарио“ и изрази стравување од тоа што „жешките глави“ во САД и НАТО воопшто замислуваат такво сценарио. „Сметам дека тоа никогаш нема да се случи“, кажа поранешниот руски претседател.
Неговите коментари се дел од помеката, одбранбена реторика од Москва.
„Второто нешто е што има доста луѓе кои на тоа заработуваат, шпекулираат. Некои луѓе тоа го прават од незнаење, други затоа што водат одредена политичка агенда“, кажа тој.
Медведев, близок сојузник на рускиот претседател Владимир Путин и претседател од 2008 до 2012 година, укажа на постар американски сенатор за кого кажа дека јавно ја разгледувал можноста за ограничен нуклеарен руско-американски конфликт. Но, тој не го именуваше американскиот сенатор.
Медведев сега е заменик претседател на рускиот Совет за безбедност.






