Поранешниот руски претседател ги осуди тие мерки како незаконски. Кажа дека тоа е чин на меѓународна агресија на Руската Федерација „од страна на одделни држави или нивни синдикати“.
Медведев ова го порача на својот канал на Телеграм, каде предупреди дека никој не смее да се сомнева во правото на Русија да се брани во рамки на меѓународното право и во границите на она „што го смета за соодветно“.
Кажа дека санкциите нема да ја дестабилизираат Русија и дека ефектот ќе биде спротивен. Кажа дека неговата земја ќе има „негативни емоции“ кон државите кои ѝ воведоа санкции.
Медведев е едно од имињата на најновата листа на санкционирани поединци. Во моментов е заменик претседател на Советот за безбедност на Русија, а функцијата претседател ја вршеше од 2008 до 2012 година и беше премиер од 2012 до 2020 година.






