„Глупаво е да се верува дека западните санкции против руските компании може да имаат каков било ефект врз владата во Москва“, рече Медведев во интервју за руската новинска агенција РИА, повеќе од еден месец по рускиот напад врз Украина и острите санкции од Западот.
„Санкциите само ќе го зацврстат руското општество, нема да предизвикаат незадоволство на народот од владата“, рече тој.
Некои од западните санкции се насочени кон деловни луѓе, милијардери, за кои се верува дека се блиски до претседателот Путин, но Медведев вели дека тие немаат влијание врз раководството на земјата.
„Да се запрашаме дали некој од овие претприемачи може да има и најмало влијание врз позицијата на водството во земјата? Јас ви велам отворено: не, нема шанси.”
Медведев рече дека анкетите покажуваат дека три четвртини од Русите ја поддржуваат одлуката на Кремљ да спроведе воена операција во Украина, а уште повеќе го поддржуваат Путин.






