петок, 3 април 2026

Медведев: Русија повеќе не треба да ја толерира идејата за приклучување на Украина кон ЕУ

Дмитриј Медведев, заменик-претседател на Рускиот совет за безбедност, денес изјави дека Москва треба да го напушти својот „толерантен став“ кон евентуалното членство на Украина во ЕУ.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„ЕУ повеќе не е само економска унија. Таа може да се трансформира, и тоа доста брзо, во полноправен воен сојуз, отворено непријателски настроен кон Русија и во некои аспекти полош од НАТО“, рече Медведев.

„Време е да се откажеме од толерантниот став кон нашите соседи кои се приклучуваат кон она што сега е воено-економска Европска Унија“.

Медведев рече дека не верува оти САД ќе го напуштат воениот сојуз на НАТО, но дека Вашингтон би можел да преземе симболични потези како што е намалувањето на бројот на американски војници стационирани во другите членки на НАТО.

Ветеранот руски политичар, сепак, рече дека токму очигледните поделби во рамките на НАТО би можеле да ја поттикнат ЕУ да стане повеќе од само економска унија.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ