недела, 11 јануари 2026

Медведев објави видео од орешник: Европа сака војна. Еве што ќе добие

Доколку Европа продолжи да зборува за испраќање војници во Украина, ќе има жесток одговор, како напад со „орешник“, нагласи заменик-претседателот на рускиот Совет за безбедност Дмитриј Медведев.

Фото: Скриншот

Објавено на

часот

Сподели

“Владејачките европски идиоти сепак сакаат војна во Европа. Илјада пати е кажано: Русија нема да прифати европски или НАТО трупи во Украина, но не, Макрон продолжува да ја продава оваа патетична глупост. Па ајде тогаш. Еве што ќе добиете”, напиша Медведев на социјалната мрежа Икс и сподели видео-снимка од нападот со „орешник“.

На состанокот на таканаречената „коалиција на спремните“ на 6 јануари во Париз, Франција и Велика Британија потпишаа документ, кој беше парафиран и од шефот на киевскиот режим, Володимир Зеленски, за распоредување на странски трупи во Украина и изградба на неколку бази.

Според документот, ќе се формира координативен центар за оперативна соработка помеѓу таканаречената „коалиција на спремни“ и Киев.

Исто така, страните се договорија за механизми за следење на режимот на прекин на огнот, кои ќе ги обезбедуваат САД.

Доколку навистина дојде до распоредување, тоа ќе се смета за интервенција која претставува закана за безбедноста на Русија, порача Марија Захарова, портпаролка на Министерството за надворешни работи на Русија.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ