недела, 21 декември 2025

Медведев: Европејците ќе разберат што е војна само кога самите ќе ја почувствуваат

Коментирајќи ја атмосферата на паника поради појавата на беспилотни летала во Европа, заменик-претседателот на рускиот Совет за безбедност Дмитриј Медведев денес изјави дека Европејците можеби ќе разберат што е војна само кога „ќе ја почувствуваат опасноста од војна“.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Рускиот функционер исто така коментираше за постојните теории за тоа чии би можеле да бидат беспилотните летала забележани во Европа, објави РИА Новости.

„Главно е глупите Европејци да ја почувствуваат опасноста од војна на своја кожа. Тогаш ќе се исплашат и ќе треперат како стадо што го водат на колење“, напиша Медведев на својот Телеграм канал.

Тој додаде дека Европејците можеби тогаш ќе разберат што е војна и „ќе им ги отсечат главите на своите лудаци како Мерц и Макрон кои заработуваат пари и политички поени од крвопролевање“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ