петок, 6 февруари 2026

​Медведев: Европа се фати самата во стапица отфрлајќи ги руските енергенти

Европа се вовлече во монструозна стапица и се најде критично зависна од САД отфрлајќи ги руските испораки на енергенти, изјави денес заменик-претседателот на рускиот Совет за безбедност Дмитриј Медведев.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Во својата антируска лудост, Европската Унија дури и не сфаќа во каква монструозна стапица паднала. На крајот на краиштата, Вашингтон, кого моментално го презираат, несомнено ќе ја консолидира својата улога на спасител, снабдувајќи ја со енергија. Но, влоговите за проширување на помошта ќе бидат неспоредливо повисоки од самите пари“, напиша тој на апликацијата за размена на пораки Макс.

Европа, „критично зависна од американскиот гас“, ќе направи сè што ќе ѝ каже Вашингтон, уверен е Медведев.

На 26 јануари, Советот на ЕУ одобри целосна забрана за испорака на руски течен природен гас во ЕУ од 1 јануари 2027 година и гас преку цевководи од 30 септември 2027 година.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ