четврток, 25 декември 2025

Медведев: Духот на комунизмот повторно влезе во Европа, не се далеку ни купоните за храна

Објавено на

часот

Сподели

„Духот на комунизмот конечно повторно влезе во Европа. Така, барем, пишуваат медиумите. Дебелите Европејци, снабдени со гас од разни извори, ќе бидат присилени да делат со сиромашните, но горди, кои не сакаат да ѝ плаќаат на Русија во рубли за нашето гориво“, напиша Медведев на Телеграм.

„Добро, браво, достојни наследници на Карл – Маркс и Каутски. Истовремено ќе воведат рационализација на потрошувачката на енергија, а потоа не се далеку ни купоните за храна“, додаде поранешниот руски претседател.

Медведев реагираше на пишувањето на шпанскиот весник Паис кој јави дека Европската комисија на 18 мај планира да одобри план според кој во случај на ненадеен прекин на испораките на руски гас земјите членки кои имаат други извори за снабдување би го споделиле гасот со земјите кои го немаат. Брисел, како што јави шпанскиот весник, ќе бара воведување на рационализација на потрошувачката на гас, што пред сè ќе влијае на индустријата.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ