вторник, 30 декември 2025

Медведев до Зеленски: Среќна Нова Година, е*ена марионето

Дмитри Медведев, заменик-претседател на Рускиот совет за безбедност, упати низа навреди против украинскиот претседател Володимир Зеленски. Медведев ја објави пораката на Телеграм.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Убави зборови допрва доаѓаат, кога часовникот ќе отчука полноќ. Но, сега ќе посакам една желба, и таа нема да биде пријатна. Неодамна, некое чудовиште во партали посака смрт на „една личност“. На сите им е очигледно дека тој не посакува смрт само на „една личност“, туку на сите нас и на нашата земја“, напиша Медведев.

Тој се осврна на божиќното обраќање на Володимир Зеленски, во кое украинскиот претседател рече дека Украинците имаат една желба – „Нека умре“. Зеленски не прецизираше дали се осврнува на рускиот претседател Владимир Путин или на војната.

Медведев тврдеше дека Зеленски не само што „му посакал смрт“ на Путин, туку наводно „дал наредби за масовни напади“.

„Нема да пишувам за неговата насилна смрт овде, иако во моментов Смртта често му е зад петици. Ќе посакам нешто друго – за научни цели. Исклучително е важно во иднина, по брза смрт, малку скиселено тело на зелениот хомункулус да биде изложено во музејот во Санкт Петербург, каде што руските цареви собирале изроди за забава на своите потомци“, рече Медведев.

„И темелно да се проучи, бидејќи е сосема можно да имаме работа со друг пратеник од длабоката вселена, посебна раса на „скура сордидус“ (латински за „валкан шут“), кој ни долета од џуџеста галаксија во соѕвездието Тукан“, додаде тој.

„Хомункулус“ е термин од алхемијата што означува наводно вештачки создадено мало човечко суштество, но всушност припаѓа од областа на митовите и псевдонауката. Денес, овој термин често се користи навредливо, со цел да се прикаже некого како нечовечко, гротескно или неприродно суштество.

„Значи, како што се вели на нивниот мал тукански дијалект: „Среќна последна година, е*ена марионето!““ заклучи Медведев.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ