Заменик претседателот на рускиот Безбедносен совет Дмитриј Медведев кажа денес дека „ѝ честита“ на Европската Унија тоа што цените на гасот ги довела до овој рекорд со наметнувањето на санкциите на Русија.
„Можам само да им честитам на далекувидите европски колеги кои успешно се борат против лошите Руси и Северен тек 2“, изјави Медведев.
Тој во февруари предупреди дека германската одлука за прекинување на сертификацијата на Северен тек 2 ќе предизвика вртоглав скок на цената на гасот во Европа, што сега се оствари.
Цената на гасот за испорака во април скокна на холандскиот ТТФ јазол на 3.639 долари за 1.000 кубни метри или 322 евра по мегават час, и цената продолжува незапирливо да расте.






