понеделник, 8 декември 2025

Маж турна жена пред воз во метрото во Брисел (ВИДЕО)

Објавено на

часот

Сподели

Маж турнал жена пред заитан воз во главниот град на Белгија, а машиновозачот закочил на неколку сантиметри од нејзиното тело. Инцидентот е снимен на видео, а човекот набргу потоа е уапсен.

Видеото снимено на метростаницата Рожие во петокот вечерта покажува како мажот се прикрадува зад жената, па со двете раце ја турнува на шините пред возот што доаѓа. За среќа, машиновозачот успеал да закочи пред неподвижното тело на жената да биде прегазено од возот.

Напаѓачот бега, а луѓето тргнуваат да ја извадат жената од шините.

„Возачот реагираше многу добро, но е многу шокиран, како и жртвата“, изјави за Брисел тајмс портпаролот на бриселската јавна транзитна компанија СТИБ.

Јавното обвинителство на Брисел соопшти дека мажот бил уапсен неколку минути подоцна на друга метростаница во градот. Тој е обвинет за обид за убиство.

Сличен инцидент се случи неколку часа подоцна во Њујорк, кога 40-годишна жена беше турната во смрт на станицата на метрото Тајмс сквер во саботата наутро. Човекот што ја турнал имал криминална историја, полицијата го опишала како „емоционално вознемирен“ и се чини дека немал претходна врска со својата жртва. Тој ѝ се предал на полицијата набргу по „неиспровоцираниот“ напад, им рече на новинарите во станицата комесарот на њујоршката полиција, Кичант Севел.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ