недела, 7 декември 2025

Масовен руски напад со камикази дронови врз Харков, има мртви и ранети (ВИДЕО)

Четири лица се убиени, а неколку други се повредени во „масовните“ руски напади врз Харков, вториот по големина град во Украина, во текот на ноќта, соопштија украинските власти.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Во тек е масовен напад врз Харков“, објави градоначалникот Ихор Терехов на Телеграм околу полноќ.

Четири лица се убиени, рече Терехов, вклучувајќи едно лице чие тело е пронајдено во урнатините. Дванаесет лица се повредени, вклучувајќи две деца на возраст од 11 и 12 години, изјави регионалниот гувернер Олех Синихубов.

Петнаесет напади се регистрирани во шест населби на градот во североисточна Украина. Харков е оддалечен 30 километри од руската граница. Градот успешно се бранеше во првите недели од руската инвазија, но оттогаш е секојдневна цел на напади врз инфраструктурата и станбените области.

Во јужниот Дњепропетровски регион, во градот Марханец, две лица се убиени во руски напади, објави гувернерот на тој регион.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ