четврток, 25 декември 2025

Маск тврди дека Русите му се закануваат: Ако умрам под мистериозни околности…

Објавено на

часот

Сподели

„Ако умрам под мистериозни околности, мило би беше што ве познавав“, напиша Маск.

Синоќа Маск на Твитер ја објави изјавата на Димитриј Рогозин, шефот на руската вселенска агенција Роскосмос, кој го обвини Маск дека е вклучен во „снабдување на фашистичките сили во Украина со воена комуникациска опрема“. Рогозин изјавата за Маск ја објави на Телеграм.

Во својата изјава, Рогозин ги нарече Азов и украинските војници „милитантни нацисти“.

Рогозин во пораката наведува дека опремата Старлинк ја доставил Пентагон.

„И за ова, Илон, ќе одговараш без разлика колку ќе се правиш будала“, напиша Рогозин на Телеграм.

Објавата на Маск ја коментираа бројни корисници на Твитер, меѓу кои и неговата мајка Маја Маск.

„Не е смешно“, коментираше мајката на Маск со неколку лути емотикони.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ